Top Sport

Клоп се плашел дека ќе добие отказ од Ливерпул

Јирген Клоп вели дека сметал дека ќе добие отказ од Ливерпул откако не ја подобрил формата на „црвените“ набргу по доаѓањето на „Енфилд“.

Германецот беше именуван за тренер на Ливерпул во октомври 2015, кога Ливерпул заврши на шестото место на табелата под Брендан Роџерс. Тој вели дека знаел дека ќе биде потребно време да се подобри тимот, но исто така дека Ливерпул е „поголем“ предизвик од Борусија Дортмунд.

„Ни беше потребно време. Беше јасно дека работите не можат да се поправат преку ноќ. Сите го сакаа тоа, но тоа беше невозможно и затоа барав да ми дадат време. Претходно никогаш немав добиено отказ и немав искуство со тоа, но знаев дека сум на ’поинакво’ ниво во Ливерпул и дека ако нема резултати ќе се ослободат од мене. Затоа веднаш кажав дека за четири години ќе мора да имам трофеи, дека ми е потребно време. Имав среќа што сопствениците беа позитивни и што ми веруваа. Кога ги губевме финалињата против Севилја, Сити и Реал, новинарите најавуваа дека ќе добија отказ, но внатре никој не ми го кажа тоа“, вели Клоп во интервју за „Скај спортс“.

Scroll to Top