Top Sport

Лукаку се извинил на Интер за интервјуто за корона вирусот

Според италијанскиот весник „Ла република“, Ромелу Лукаку се извинил на својот клуб Интер, откако навести дека клубот не направил доволно за да ги заштити од корона вирусот.

Вчера, Лукаку во интервју со сопругата на Дрис Мертенс, Кат Керкхофс изјави дека верува дека 23 од 25 фудбалери на Интер биле болни од корона вирусот во јануари, но дека не биле тестирани за корона вирусот и покрај тоа што Милано беше еден од градовите кои беа најпогодени од пандемијата.

И покрај прекршувањето на „етичкиот код“ на Интер, се верува дека Лукаку, стрелецот на 23 гола во 35 настапи оваа сеозна, нема да биде казнет.

Лукаку: Сите бевме болни во јануари, Шкрињар само што не се онесвести!

Scroll to Top