Top Sport

Сега и Катарците сакаат да го спречат саудиското преземање на Њукасл

Откако вчера се јави „Амнести интернешл“ со барање Премиер лигата да не го одобри преземањето на Њукасл од страна на инвеститорите од Саудиска Арабија, сега еден од најголемите ТВ-партнери на лигата, катарската „БеИН спортс“ бара да се испитаат „мотивите“ зад овој трансфер.

Јусеф Ал-Обаидли, директорот на катарската ТВ-мрежа, прати писмо до шефовите на 20-те премиерлигаши со своите забелешки околу потенцијалното преземање на Њукасл и ја обвини саудиската влада за тригодишно крадење на ТВ-правата на Премиер лигата.

„Не е претерано да се каже дека се работи за закана кон идниот економски модел на фудбалот“, се вели во писмото, кое беше пратено и до шефот на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

Катарците се жалат дека саудиската „БиаутКју“ ТВ-мрежа нелегално ги прикажува мечевите од Премиер лигата, иако „БеИН спортс“ минатата година платија 400 милиони фунти за преносите. Според нив, саудиската влада ги краде преносите.

Саудиска Арабија и Катар во последно време немаат најдобри односи, откако во 2017 година, Саудијците заедно со повеќе локални влади од Персискиот Залив се приклучија на економската блокада на Катар поради поддржување на тероризмот.

„Амнести интернешнл“ бара да не се дозволи продажбата на Њукасл на Саудијците

Scroll to Top