Top Sport

Клоп се посрамоти: Не знам дали си играл фудбал…

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, очигледно не беше свесен дека Недум Онуоха имаше долга кариера како дефанзивец на Манчестер сити, чудејќи се „дали некогаш играл фудбал“ во чудно интервју по саботното 2:2 реми со Вулверхемптон во ФА купот.

Малку исфрустриран од тоа што неговиот тим не успеа да го реши мечот со победа, кога Онуоха, зборувајќи за „ЕСПН“ го праша за што мисли за мечот, Германецот му одговори: „Не сум сигурен дали си играл фудбал, но вакви работи се случуваат“.

Онуоха, иронично има 426 професионални мечеви во кариерата во споредба со 347-те на Клоп (кој исто така не одигра ниту еден меч во првата лига во Германија во 14-годишната кариера). Онуоха имаше 16 сезони во професионалниот фудбал – од дебито за Манчестер сити во 2004 (за кои имаше над 100 настапи) до тимовите на Сандерленд, Квинс Парк ренџерс и Реал Солт Лејк во МЛС лигата.

Онуоха вели дека не се лути.

„Знаете што? Да беше во добро расположение најверојатно ќе му вратев нешто. Но, не беше расположен, а бидејќи ова ми беше прво интервју на некој толку значаен во фудбалот, решив да не влегувам во расправија. Затоа уживајте во снимката“, вели Онуоха.

Scroll to Top