Top Sport

Барса фуриозна во Франција, Макаби ја продолжи серијата против Партизан

Со доминантна последна четвртина, Барселона стигна до 82:75 победа на гости кај Асвел Лион, откако Кори Хигинс половина од своите 16 поени ги постигна во финишот на мечот.

Хигинс погоди осум поени во низа за од еден поен негатива, Барселона да дојде до предност од пет поени на само 45 секунди пред крајот. Покрај тоа тој имаше и 4 асистенции, 3 скока и 2 украдени топки. Никола Миротиќ беше најефикасен со 17 коша.

Макаби Тел Авив, пак, успеа да стигне до 90:81 победа над Партизан, победа која може да биде клучна во трката за плејоф и која е фантастична осма победа во низа на домашен терен на израелскиот клуб.

Лоренцо Браун со 21 поени и 5 асистенции и Бонзи Колсон со 19 поени, 7 скока и фантастична блокада над Матијас Лесор во последните секунди, беа најдобри за Макаби. За Партизан, Кевин Пантер имаше 22 поени, а Данте Егзам 17. Партизан сега има 8-10 скор, додека Макаби е на 10-8.

ЕВРОЛИГА, 18.КОЛО
Асвел Лион – Барселона 75:82 (15:11, 18:31, 27:21, 15:19)
Макаби Тел Авив – Партизан 90:81 (24:13, 22:26, 18:14, 26:28)
Валенсија – Анадолу Ефес 81:71 (16:13, 15:17, 21:26, 29:15)

Scroll to Top