Top Sport

Клоп се сити на маките на Челси: Добро е да се види тоа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека катастрофалната форма на Челси му носи доза на задоволство по нивното неверојатно трошење во последните два преодни рока.

Челси купија 16 фудбалери во текот на летото и во јануарскиот преоден рок, но тоа не им помага на теренот, откако прво под Греем Потер, а сега по Френк Лампард имаат катастрофална форма и се на само 10 поени од зоната за испаѓање и 14 поени зад седмопласираниот Ливерпул.

„Малку ми е жал за Челси да бидам искрен, бидејќи не им оди добро, а тие се врвен тим. Но, од друга страна добро е да се види дека не можеш само да донесеш врвни фудбалери и да мислиш дека тоа функционира. Мораш да изградиш тим и тоа тие го превидоа и им оставија невозможна ситуација на своите тренери. Не можете да имате две соблекувални, да тренирате на два терени, морате да направите односи, да изградите тимски дух. И затоа сум малку среќен за тоа. На долги патеки, Челси ќе бидат добри и ќе бидат многу силни следната година, но сега служат како пример на највисоко ниво“, вели Клоп за „Скај спортс“.

Scroll to Top