Top Sport

Клоп: Што да кажам? Знаевме дека Борнмут се бори за опстанок

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, му честиташе на Борнмут за тимскиот дух и карактерот, откако го победи неговиот тим со 1:0. „Црвените“ беа нефокусирани во одбраната и без заби во нападот, што ги чинеше шести пораз сезонава.

Мохамед Салах промаши пенал во второто полувреме што можеше барем да му донесе реми на Ливерпул.

„Од првата секунда од натпреварот беше јасно дека доаѓаме во Борнмут, каде домаќините се борат за останување во лигата. Ова е голем клуб, голем град. Тие сакаат да останат и се навистина одличен тим. Нивните резултати не одат во добра насока во последните неколку месеци, но пристапот во играта е поинаков и тие заслужено ги освоија трите бода. Тоа е тоа“, изјави Клоп.

„Не можам да кажам ништо повеќе од тоа дека моравме да бидеме посветени 100 проценти. Што да додадам? Бевме доминантни во првото полувреме, но поседот на топката нема да ни донесе ништо кога се бодовите во прашање“, заклучи германскиот стратег.

Тотенхем го искористи поразот на Ливерпул и со триумф над Нотингем Форест побегна шест бода во трката за четвртата позиција која води во Лигата на шампионите.

Scroll to Top