Top Sport

„Нема да го продадеме Жоао Феликс“

Претседателот на Банфика, Луиш Фелипе Виера, рекол дека клубот нема да го продава талентираниот тинејџер Жоао Феликс. Сезонава, Феликс, има учинок од 18 гола и десет асистенции во сите натпреварувања.

Реал Мадрид, Јувентус, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Баерн Минхен се замо дел од екипите што се заинтересирани за еден од најдобрите млади играчи во светот.

Наводно Кристијано Роналдо побарал од челниците на Јувентус да го донесат Феликс во Торино. Откупната клаузула во договорот на Феликс изнесува 120 милиони евра, а планот на Бенфика е тој да добие нов договор, а клаузулата на откуп да изнесува 200 милиони евра.

„Кога станува збор за нашите млади играчи, особено за оние што се дел од првиот тим, Бенфика ќе направи се за да ги задржи во клубот. Можам да им ветам на навивачите дека никој од нив нема да замине“, рекол Виера во интервјуто за клупската интернет страница.

Инаку, Жоао Феликс има 19 години, а во португалската јавност е претставен како најголемиот талент по Кристијано Роналдо.

Scroll to Top