Top Sport

Кокорин и Мамаев излегоа од затвор

Руските фудбалери Павел Мамаев и Александар Кокорин во вторникот се пуштени на условна слобода, откако до изрекувањето на пресудата 11 месеци минаа зад решетки. Двакцата завршиле во затворот Алексејевка бидејќи во алкохолизирана состојба го претепале државниот службеник Денис Пак.

Покрај фудбалерите на слобода бил пуштен и братот на Кокорин, Кирил, пишуваат руските медиуми.

Поради претепувањето на Пак, во мај судот ги осуди Кокорин и Мамаев на 18, односно 17 месеци затвор. На 6 септември поднесе барање двајцата да бидат пуштени на условна слобода.

Поранешните репрезентативци на Русија ќе можатд да ги продолжат кариерите. Кокорин ќе се врати во Зенит, додека Мамев е во потрага по нов клуб откако добил отказ во Краснодар. Интерес за него покажале Крила Совјетов.

Пушањето на слобода на Кокорин и Мамаев го проследиле и од специјализираниот портал за фудбалска статистика „Трансфермаркт“. Според овој портал Кокорин на фудбалскиот пазар вреди пет милиони евра, а Мамаев три.

Пред да бидат затворени вредноста на Кокорин бил 7,5, а на Мамаев 4,5 милиони евра.

Scroll to Top