Ливерпул ќе го пречека новиот премиерлигаш Лидс на „Енфилд“ овој викенд, и менаџерот на шампионите Јирген Клоп не се возддржа да го „боцне“ тренерот на Лидс, Марсело Биелса за скандалот со шпиунирање на противничките тренинзи.
Минатата година, Лидс и Биелса беа под истрага на Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), откако признаа дека пратиле луѓе да ги следат тренинзите на ривалите Дерби каунти за да ја „пробијат“ нивната тактика. Клоп, кој неколку пати изјавуваше дека му се восхитува на Биелса, сега беше поциничен.
„Го почитувам, но никогаш не сме биле многу блиски да зборуваме. Неговите тимови се исклучителни и анализирав некои негови мечеви.Сосема поинаков приод кон фудбалот.Ми се допаѓа и знам дека е еден од тие кои најмногу работат. Се сеќавам на анализата по мечот со Дерби, тоа беше премногу. Не сум сигурен дека ние анализираме толку. За среќа, не сум забележал сомнителни луѓе околу нашите тренинзи оваа недела“, вели Клоп.
„Лудакот“ Биелса призна: Ги шпиунирав сите тимови во Чемпионшип! (видео)