Стивен Џерард никогаш не успеа да го крене трофејот од Премиерлигата додека беше капитен на Ливерпул, но може да биде еден од клучните луѓе за титулата на „црвените“ во последното коло ако неговата Астон вила успеа да го совлада Манчестер сити на „Етихад“.
Ако Вила го победи или одигра нерешено со Сити, а Ливерпул победи, тогаш Јирген Клоп ќе ја прослави втората премиерлигашка титула, и Клоп вели дека би сакал Џерард да може да заигра за Астон вила.
„Да можев да играм натпревар за да помогнам на моите поранешни клубови Дортмунд или Мајнц, за мене тоа ќе биде дополнителна мотивација, но јас не играм. И Стиви не игра, што е штета. Уште поголема штета е што тој не игра. Немам потреба да му праќам пораки, знам дека неговиот тим ќе даде 100 отсто на мечот со Сити. Ние ќе имаме причини за славје на крајот на сезоната, останува да се види колку причини ќе имаме. Пред две години немавме парада, но сега ќе славиме. Не за нас, туку за луѓето“, вели Клоп.