Top Sport

Мајката на Мбапе откри: Понудите на ПСЖ и Реал се речиси идентични

И по повеќе месеци интензивни шпекулации, иднината на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе останува неизвесна, откако неговата мајка за шпанска „Марка“ откри дека понудите кои тој ги добил од Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен се речиси идентични.

„Двете понуди, едната од Париз и другаата од Мадрид, се речиси идентични. Во Реал Мадрид, мојот син би имал контрола околу правата на неговиот лик. Сега, ја чекаме неговата одлука. Има мала разлика и сега тој ќе одлучи што сака да прави. Нема да има нови состаноци за неговата иднина, тоа е готово. Сега е до Килијан, тој да избере“, изјави Фајза Ламари.

Договорот на Мбапе со ПСЖ завршува на 30 јуни, и во шпанските медуми тврдат дека оптимизмот во Реал е спласнат бидејќи сметаат дека тој е поблиску до останување во Франција, за што доби повик дури и од претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Scroll to Top