Top Sport

Клоп: Тотенхем не заборавиле да играат фудбал

Слабиот старт на сезоната на Тотенхем не значи дека тие заборавиле како да играат фудбал и затоа Ливерпул мора да биде многу внимателен пред неделниот меч со нив, предупредува менаџерот Јирген Клоп.

Ливерпул се лидери во Премиер лигата со шест поени предност пред Манчестер сити, додека Спарс се седми со 13 поени заостанување. Двата тима победија во Лигата на шампионите – Тотенхем со 5:0 ја „збриша“ Црвена звезда, а Ливерпул го победи Генк на гости со 4:1 и Клоп вели дека не треба да очекуваат лесен меч.

„Видовме многу добар Тотенхем во вторникот и мора да внимаваме на тоа. Не за тоа како медиумите биле разочарани од нивниот старт на сезоната. Не заборавиле да играат фудбал, а Хери Кејн не заборавил да дава голови. Тие се тим кој секогаш може да даде добра партија и тоа мора да го очекуваме. Тие се врвен тим во Премиер лигата и ќе бидат таков цела сезона“, вели Клоп.

Scroll to Top