Top Sport

Мекгрегор ќе добиеше шише во глава поради навредите кон Дагестанците (видео)

Присуството на Конор Мекгрегор во Русија беше прифатено добро од Русите, но не и од Дагестанците, кои Ирецот ги навреди со низа контроверзни изјави, кои подоцна придонесоа еден навивач да се обиде да го погоди со шише.

„Каде сум? Во ’Риц Карлтон’. Тука во центарот на Москва. Каде е тој? Надвор од Русија. Јас  доаѓам, тој си заминува. Типично за Дагестанците. Дали сум бил некогаш во Дагестан? Не би одел таму ниту на се.ење. Тоа е вистината“, изјави Мекгрегор.

Овие зборови толку налутиле еден фан, што тој го „начекал“ Мекгрегор по крајот на прес-конференцијата и фрли кон не го со шише, кое Ирецот вешто го избегна.

„Јас и моите браќа сме кукавици? Јас, мојот народ и мојот татко се кукавици? Што ти направивме тебе?“, врескаше Дагестанецот.

Мекгрегор остана присебен и само одговори: „Замолчи, будало“, пред обезбедувањето да го тргне човекот.

Мекгрегор: Дагестанците и Нурмагомедов се кукавици

Scroll to Top