Top Sport

Клоп: Времето е лошо, брадата ми е бела, но имам енергија за Ливерпул

Јирген Клоп ги демантираше шпекулациите во англиските медиуми дека е подготвен да си замине од Ливерпул, велејќи дека не му е потребна пауза и покрај падот во формата на актуелниот англиски шампион.

Шпекулациите кои се појавија во Ливерпул предизвикаа дел од навивачите на клубот да постават банер во знак на поддршка на германскиот стручњак пред „Енфилд“, а 53-годишниот Клоп доби поддршка и на социјалните мрежи. Пред мечот од ЛШ против Лајпциг, Клоп ги демантираше сите шпекулации.

„Слушнав за тоа. Банерот е убаво да го видиш, но не е потребен. Не чувствувам дека е потребна дополнителна поддршка во моментов, но убаво е да се види. Што беше другото? Како беше зборот? Дека ќе си аминам? Дали добив отказ или сам си отидов? Ниту едно. Не ми е потребна пауза“, вели Клоп.

По 3:1 поразот од Лестер, Ливерпул имаат само две победи во последните девет меча во Премиер лигата, но Клоп вели дека и покрај ова и трагичната смрт на неговата мајка Елизабет, тој е посветен на клубот.

„На прес-конференции не зборувам за приватни работи, но сите знаеја дека поминавме низ тежок период. Секогаш го средуваме тоа како семејство. Работам како тренер 20 години и можам да ги разделам работите. Кога работам, навистина работам. Не треба да се грижите за мене. Можеби не изгледам најдобро, бидејќи времето е студено и брадата ми обеле и не спијам многу, но имам енергија колку што сакате“, додава Германецот.

Scroll to Top