Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека рехабилитацијата на Вирџил ван Дајк од сериозната повреда на коленото оди „навистина добро“, иако додава дека неговото колено „не изгледа како што треба да изгледа едни колено“.
Ван Дајк ги повреди лигаментите на коленото на Мерсисајд дербито против Евертон по стартот на нивниот голман Џордан Пикфорд и ќе го пропушти остатокот од сезоната и дури Европското првенство следното лето.
„Секако дека сум во контакт со него, и со оглед на околностите работите одат навистина добро. Коленото не му изгледа најдобро, да бидам искрен. Не изгледа како што треба едно колено да изгледа едно колено, но за таква операција тоа е нормално. Постојано сум во контакт со него и ја следиме ситуацијата“, вели Клоп.