Top Sport

Црногорките против Романија од 17:21 до 27:26

Црна Гора избори пласман во втората фаза на Светското првенство за ракометарки што се одржува во јапонија. Црногорките имаат четири победи во исто толку одиграни натпревари во Ц-групата.

Претпладнево Црна Гора во драматичен натпревар ја победи Романија со 27:26 (12:13). Романките, предводени од Кристина Неагу, во 41 минута имаа комотна предност од четри гола (16:20, 17:21).
Откако црногорскиот селектор Пер Јохансон реши со Јованка Радичевиќ да игра „фластер“ на Неугу започна Црногорките го започнаа резултатскиот пресврт. Со серијата 8:1 тие го решија мечот и во последното коло против Шпанија ќе се борат за првото мест во групата.

Јованка Радичевиќ и Милена Раичевиќ со по шест гола ја предводеа Црна Гора, додека кај Романија Неагу мечот го заврши со 11 гола.

Scroll to Top