Top Sport

Клоп: Знаевме што купувавме кога го земавме Салах

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека во тимот биле „сигурни“ дека Мохамед Салах е вредно засилување, иако многумина сметаат дека Германецот го „ископа“ тогаш просечниот играч на Рома за неверојатна сезона 2017/18.

Ливерпул го добија Салах за 37 милиони фунти (нешто што сега изгледа како зделка на столетието) и во првата сезона тој има 41 голови во сите натпреварувања за „црвените“. Салах ќе се судри со поранешниот тим во вторник во првиот меч од полуфиналето на ЛШ.

„Што е подобар бизнис, да се донесе бекот Енди Робертсон од Хал за неколку милиони или да се донесе Салах? Тоа е бизнис-страната на фудбалот. 37 милиони фунти, не сум сигурен дали беше толку точно – пазарот така велеше и други можеа да го купат. Сега кога има 40 голови, можеби треба да платиме 50 милиони фунти? Знаевме дека тој е добар фудбалер и дека ќе функционира во нашиот тим, но не можевме да бидеме 100 отсто сигурни“, вели Клоп.

Тој не сака да шпекулира колку тој би бил вреден на „пазарот“ сега.

„Која цена за Мо сега? Тоа не е интересно прашање. Во Рома тој играше добро, но бидејќ Англија има толку добра лига, ретко гледате други лиги“, додава Клоп.

Scroll to Top