Top Sport

Клоп: Зошто некој би сакал да си замине од Ливерпул?

Јирген Клоп вели дека неговите ѕвезди немаат причина да заминат од Ливерпул, бидејќи клубот е на вистинска патека и не очекува некој од сегашните фудбалери да го следи патот на Луис Суарез и Филипе Кутињо, кои заминаа за Барселона.

Одличната форма на Садио Мане и на Мохамед Салах придонесоа во текот на летото да постојат шпекулации дека шпанските гиганти ќе се обидат да ги привлечат да го напуштат „Енфилд“, но Клоп вели дека сите имаат долгорочни договори и дека тимот е конкурентен по освојувањето на титулата од Лигата на шампионите.

„За нас е најважно да осигураме ситуацијата да остане ваква. Имаме прекрасна атмосфера во Мелвуд, на ’Енфилд и каде и да одиме во светот. Тоа е посебно и работевме напорно тоа да се оствари.  Затоа мораме да бидеме подобри, да се бориме до крај. Овој клуб е прекрасен. Секогаш бил прекрасен, но сега имаме и посебна атмосфера, добра база и мораме да ја надградиме. Потоа, никој од момците нема да има причина да си замине. Кога ќе погледнат околу себе ќе видат првокласни фудбалери, одлична атмосфера и силен тим“, вели Клоп.

Scroll to Top