Top Sport

„Сагата“ заврши – новите соблекувални на Наполи се готови (видео)

Проблемите во Неапол најверојатно се завршени, откако претседателот на Наполи, Аурелио ди Лаурентис беше во инспекција на обновените соблекувални два дена откако тренерот Карло Анчелоти бесно реагираше на одложувањето на работите, обвинувајќи ги локалните власти дека сакаат да го „посрамотат“ клубот.

Сепак, како што беше ветено, денеска соблекувалните беа готови и Де Лаурентис, заедно со потпретседателот на клубот Едоардо де Лаурентис и претседателот на регионот Винченцо де Лука се прошетаа на „Сан Паоло“.

Соблекувалните, обоени во сино-бело, беа комплетирани, така што Наполи во сабота може да ги пречека Сампдорија и во вторник Ливерпул во Лигата на шампионите.

Анчелоти бесен за состојбата на стадионот „Сан Паоло“

Scroll to Top