Top Sport

Клуб Бриж му даде отказ на тренерот Хофкенс

Белгискиот првак Клуб Бриж одлучи да се раздели со тренерот Карл Хофкенс. Тој доби отказ поради лошите резултати во белгискиот шампионат, каде по 18 натпревари Клуб Бриж заостанува 12 бода зад лидерот Генк.

Оваа сезона Хофкенс го одведе Бриж до осминафиналето на Лигата на шампионите, откако заврши на второто место зад Порто во групата Б.

„И покрај одличното издание во Лигата на шампионите, перформансите и нивото на игра во лигата останаа под очекувањата. Паузата поради Светското првенство не донесе напредок“, се вели во соопштението на клубот.

Клуб Бриж првиот натпревар во новата година ќе го одигра на 8 јануари против Генк, додека во февруари ќе ја пречека Бенфика во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Scroll to Top