Top Sport

Нова победа на „чеканите“, сега се пред Ливерпул и Челси!

Најпријатното изненадување оваа сезона во Премиер лигата, секако, е Вест хем, откако тимот на Дејвид Мојс по 3:0 победата над „фенерџијата“ Шефилд јунајтед успеа да се искачи на четвртото место на табелата, со два поени пред шампионот Ливерпул и три пред Челси.

Отпорот на „блејдс“ беше скршен во 41. минута, кога Џеси Лингард имаше убав пробив во шестнаесетникот и беше соборен за чист пенал, за кој потоа бараше да го изведува, но Мојс реши да го остави Деклан Рајс како изведувач на пеналите, и тој беше сигурен. Дефанзивецот Иса Диоп во 58. минута ја потврди победата на „чеканите“, нивна 12-та во 24 кола во Премиер лигата, пред во 94. минута, нововлезениот Рајан Фредерикс да ги постави конечните 3:0.

Вест хем имаат 42 поени, четири зад Манчестер јунајтед и Лестер, додека Шефилд јунајтед останува на последното место со само 11 поени, дури 14 од безбедната зона со речиси сигурен билет кон Чемпионшип.

Scroll to Top