Top Sport

Клубот пред нацијата – Египет ветија дека Ливерпул ќе има краен збор за Салах

Египетската фудбалска федерација потврди дека можниот настап на Мохамед Салах на Олимпијадата во Токио следната година ќе зависи целосно од Ливерпул, инсистирајќи дека нема да го повикаат доколку „црвените“ не дадат дозвола.

Одложената Олимпијада ќе се оддржи следното лето, каде што Египет се квалификуваа откако ја освоија У-23 титулата од Африканскиот куп во 2019 година. На тимовите им е дозволено да изберат тројца фудбалери над 23 години за мечот, и Салах би бил совршен додаток на младиот тим. Меѓутоа, бидејќи сезоната во Премиер лигата 2021/22 ќе стартува веднаш по крајот на Олимпијадата, ова може да претставува проблем за Ливерпул.

Египет, затоа би се консултирале со Ливерпул, посебно бидејќи сакаат Салах да биде достапен за следниот Африкански куп на нации кој ќе се оддржува на почетокот на 2022 година.

„Ќе зборуваме со Ливерпул во март. Уште не сме зборувале ниту со него. Проблемот со Африканскиот куп на нации е што е само неколку месеци по Олимпијадата, така што нема да може да го повикаме Салах доколку Ливерпул не дозволи“, вели селекторот на У-23 репрезентацијата на Египет, Шаки Гариб.

Scroll to Top