Top Sport

Лукаку: Ериксен мора да научи италијански да игра за Интер

Ромелу Лукаку вели дека неговиот соиграч од Интер, Кристијан Ериксен мора да научи да зборува италијански ако сака да се вклопи кај „нераѕурите“, откако Данецот се најде на немилост на тренерот Антонио Конте и подолго време се шпекулира за неговото заминување од клубот.

Ериксен пристина во Милано од Тотенхем во јануари, шест месеци откако на „Меаца“ од Премиер лигата дојде и Лукаку, но за разлика од Белгиецот, тој не успеа да се наметне во првиот тим.

„Ериксен ги има сите потребни квалитети да биде врвен фудбалер за нас и сакам да му помогнам. Но, прво мора да научи да зборува италијански. Јас веднаш се навикнав на новата реалност, а нему му треба подолго време. Мора да поработи на јазикот, бидејќи да го знаеше досега ќе му беше многу полесно. Така подобро ќе комуницира со сите – со соиграчите, со тренерот и ќе придонесе за подобра игра на клубот“, вели Лукаку во интервју за данскиот ТВ-канал, „Канал 5“.

Scroll to Top