Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Ромелу Лукаку рекол дека клубот ќе реши каква ќе биде неговата иднина и дека тој не сака да се занимава со медиумските шпекулации.
Лукаку зад себе има просечна сезона, во која постигна само 12 гола во Премиер лигата, поради што започнаа шпекулациите дека тој ќе биде продаден. Неговиот менаџер Федерико Пасторело уште во април рекол дека по завршувањето на сезоната ќе биде позната судбината на неговиот клиент.
Напаѓачот синоќа постигна два гола за Белгија во победата над Шкотска (3:0), а по мечот запрашан за неговиот статус во Јунајтед рекол: „Клубот мора да реши“.
„Клубот мора тоа да го соопшти. Не сакам да се занимавам со шпекулации. Мое е да играм фудбал“, рекол Лукаку.
Ромалу Лукаку во 2017 година стана играч на Манчестер Јунајтед, тој со клубот од „Олд Трафорд“ има договор и за наредните три сезони.