Top Sport

Клубови од Германија и Англија се заинтересирани за Грујиќ

На адресата на Ливерпул пристигнале неколку понуди за услугите на српскиот репрезентативец Марко Грујиќ, кој минатата сезона како позајмен фудбалер настапуваше во Херта од Берлин.

Херта сакаше, но немаше пари да го откупи договорот на Грујиќ. Според најновите информации за услугите на 23 годишниот фудбалер се интересираат Ајнтрахт и Вердер од Бундес лигата.

Ајнтрахт сакаат да го откупат договорот на Грујиќ, додека Вердер биле заинтересирани само за позајмица.

Се шпекулира дека и клуб од Премиер лигата би сакал да го види Грујиќ во своите редови.

Ливерпул има намера да го продаде Србинот за 25 милиони фунти.

Scroll to Top