Холандската фудбалска федерација (КНВБ) може да се „предомисли“ околу одлуката за откажување на сезоната откако повеќе лути клубови најавија тужби по одлуката да се прекине шампионатот без да се прогласи шампион и без да има испаѓање и влегување во првата лига поради корона вирусот.
Дел од клубовите реагираа бурно на оваа одлука, како второлигашот Камбур, кој има 11 поени предност во Втората лига и беа на чекор од пласман во првата лига, додека Твенте беа лути по откажувањето на Куп-финалето против Феенорд, кое може да им донесе пласман во Лига Европа. Утрехт пак, се лути што им избега место во Лига Европа, откако Вилем Втори се пред нив на табелата, но со меч повеќе од нив. Од друга страна, тимот на Ден Хаг, предводен од Алан Пардју е презадоволен што останува во Ередивизие и покрај тоа што се последнопласирани со седум поени од безбедната зона.
Холандскиот политичар Марк Буманс е еден од тие кои бара повлекување на одлуката, и покрај тоа што се очекува на КНВБ да им бидат доделени 400 милиони евра за пребродување на кризата.
„Мислам дека одлуката може да се повлече, посебно доколку повеќе од половина од клубовите сакаат да го избегнат хаосот, тогаш тоа е можно“, вели Буманс.
Марјан Олферс, професор за спортско право за холандскиот весник „АД“ смета дека клубовите имаат добра основа да го добијат потенцијалниот судски случај против федерацијата, иако до него нема да се дојде бргу и само ќе се зголеми хаосот во фудбалот.
Најголемата холандска срамота! Камбур имаа 11 поени предност, но остануваат второлигаши
Холанѓаните одлучија да нема шампион, Ајакс и АЗ Алкмар „извисија“