Top Sport

„Кнезовите“ подобри од Монпелје

Монако ја оствари шестата победа во Лига 1 оваа сезона, петта последовна, откако славеше на гости кај Монпелје со 0:2. „Кнезовите“ сега се наоѓаат на петтата позиција со 20 бода.

Брил Емболо во 45.минута донесе водство за Монако, а Мајрон Гоаду го потврди триумфот во 80.минута од дуелот.

Монпелје по овој пораз се наоѓа на десеттата позиција со 12 освоени бода.

Scroll to Top