Top Sport

Коди Гакпо ќе го предизвика Лео Меси

Холандија и Аргентина, вечерва ќе го обноват ривалството кое трае од 1974 година и Мундијалот во Германија. „Лалињата“ и „гаучосите“ ќе се сретнат во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

Холандија и Аргентина ќе играат на „Лусаил Ајконк“ стадионот во Лусаил. Аргентинците, ќе имаат огромна поддршка, според најавите од трибините ќе ги бодрат 40.000 сонародници.

Очите на аргентинските и холандските фанови, ќе бидат вперени во најдобрите стрелци, Лионел Меси од една и Коди Гајпо од друга страна.

Двајцата во првите четири натпревари постигнаа по три гола, Меси зад своето име запиша и една асистенција. Младата ѕвезда на ПСВ и Холандија, Гакпо, постигна по еден гол на првите три натпревари, со што стана прв холандски репрезентативец со ваков учинок.

Scroll to Top