Top Sport

Чофи е четвртиот тренер во Серија А кој доби отказ оваа сезона

Хелас Верона потврдија дека го отпуштиле тренерот Габриеле Чофи по неделниот 2:1 пораз од Салернитана, со што клубот има освоено само пет поени во првите девет меча од новата сезона, со дури 17 примени голови и 6 порази.

Чофи го замени Игор Тудор на клупата на Верона, откако хрватскиот тренер замина за Олимпик Марсеј, а од клубот си заминаа и Џовани Симеоне, Џанлука Капрари и Антонин Барак. Интересно, Тудор беше итно решение за клубот по отказот за Еузебио ди Франческо по само три меча минатата сезона. Диего Лопез е прв фаворит да го замени Чофи.

Чофи е четвртиот тренер кој добива отказ во италијанската елита оваа сезона по Марко Џампаоло (Сампдорија), Синиша Михајловиќ (Болоња) и Џовани Стропа (Монца).

Scroll to Top