Голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро беше приморан да се вози со Фиат 500 во неделата, шест дена откако го „здроби“ своето Ламборгини.
Аргентинскиот голман, кој беше стартер на мечот од ФА купот со Транмир (кој Јунајтед го добија со 0:6), го искрши својот автомобил вреден 170.000 фунти во понеделникот, но за чудо не беше повреден.
32-годишниот Ромеро има еден од најдобрите договори во Премиер лигата за „втор“ голман со неделна заработувачка од 70.000 фунти, а се верува дека своето Ламборгини го има купено во 2017, откако Јунајтед го освои Лига купот.
Manchester United goalkeeper Sergio Romero turns up for FA Cup trip to Tranmere in a Fiat 500 https://t.co/FDHCz3L7zB pic.twitter.com/YMSrXwJxkv
— BrainBored.com (@brainboredcom) January 26, 2020
Голманот на Јунајтед го уништил скапоценото Ламборџини (Фото)