Top Sport

Ден за порази за Хрватска – Црна Гора им го „грабна“ бронзениот медал во ватерполо!

Неполн час откако Хрватска го загуби финалето на ЕП во ракомет од Шпанија, хрватските навивачи доживеаја нов „студен туш“ откако Црна Гора со одличен пресврт успеа да ги победи со 10:9 во борбата за бронзениот медал на Европското првенство во ватерполо во Будимпешта.

Хрватите почнаа одлично и по првата четвртина имаа 3:1 предност, која се зголеми на 7:3 на полувремето. Меѓутоа, фантастичните Црногорци се вратија за да израмнат во последните минути од мечот преку Спаиќ, за Ивовиќ во осмата минута од последната четвртина со својот петти гол го донесе медалот за Црна Гора.

Во финалето од 19 часот играат првите фаворити Унгарија и Шпанија.

Scroll to Top