Top Sport

„Кога ќе умрам, сигурен сум дека во Унгарија ќе има минута молчење“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Унгарија, Марко Роси, изјави дека верува дека, кога ќе умре заслужил во земјата да има едноминутно молчење, поради триумфот против Англија во Лигата на нации.

Унгарците го победија европскиот вицешампион двапати за 10 дена, прво на 4. јуни во Будимпешта (1:0), а потоа во вторникот во Вулверхемптон со убедливи 4:0.

„Порано или подоцна, сите ќе умреме. Тоа е единственото демократско нешто на овој свет. Кога ќе умрам, а се надевам дека ќе биде што е можно подоцна, сигурен сум дека ќе има едноминутно молчење во моја чест во стадионите во Унгарија. Тоа би било големо достигнување за мене“, изјави Роси за „Скај спорт“.

Унгарија и го нанесе најтешкиот пораз на Англија на домашен терен во последните 94 години.

Во далечната 1928 година, Шкотска го победи „Горди Албион“ на стариот „Вембли“ со 5:1.

Scroll to Top