Top Sport

Ѓоковиќ ќе биде прв, Надал втор носител на Вимблдон

Бранителот на титулата на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, ќе биде прв носител на третиот Гренд слем во сезоната.

Ѓоковиќ, инаку трет на АТп листата, ќе биде прв носител, бидејќи годинава на Вимблдон нема да играат првите двајца на АТП листата Данил Медведев и Александар Зверев.

Медведев ќе го пропушти турнирот во Лондон од политички причини, поради војната што ја води Русија во Украина, додека Зверев турнирот го пропушта поради повреда.

Отсуството на првиот и вториот светски рекет, направија Рафаел Надал да биде втор носител, што значи дека тој со Ѓоковиќ може да се сретне само во евентуалното финале.

Инаку ова е прв пат од 1973 година првиот и вториот играч во светот да го пропуштат Вимблдон. Последен пат првите двајца на АТП листата пропуштиле Гренд слем во 1999 година – Австралија опен.

Вимблдон оваа година ќе се одржи од 27.јуни до 10.јули.

Scroll to Top