Top Sport

Кога Нејмар беше на чекор до потпис со Реал Мадрид

Шпанскиот весник „АС“ објави интересни фотографии од „тестот“ на Нејмар со Реал Мадрид, откривајќи дека тој бил многу блиску да се приклучи до лутите ривали на Барселона, каде што го изгради своето фудбалско име.

Во 2006 година, кога имаше само 14 години, три години пред да дебитира за Сантос, Нејмар со неговиот татко бил на тест на „Сантијаго Бернабеу“, и се верува дека Мадрид му понудиле долгорочен договор, но дека по совет на неговиот татко Нејмар Сениор, тој решил да остане во Бразил. Тој дебитираше за Сантос во 2009, пред да премине во Барселона во 2013 година за 80 милиони евра.

Според „Марка“, пак, тренерите на Мадрид биле импресионирани од Мадрид и сакале да го постават во младинскиот тим, каде што тогаш играа Дани Карвахал и Пабло Сарабија, но дека Сантос ги убедил да останат во Бразил откако им купиле стан во близината на тренинг-центарот на клубот.

Scroll to Top