Хрватска никогаш не се предава, а тоа најдобро го дозна Бразил, откако во 117. минута од мечот, „коцкестите“ со малку среќа успеаја да израмнат преку Бруно Петковиќ.
Откако се одбранија во регуларните 90 минути, Хрватите потклекнаа кога Нејмар со фантастичен гол во последните моменти од првото продолжение стигна до водство и се веруваше дека тука е крај и Бразил е веќе во полуфинале. Но, во 116. минута, по грешка во тактиката, Бруно Петковиќ се најде во шанса, и неговиот удар се одби од Маркињос и заврши зад грбот на Алисон.
⚽️ GOAL! Bruno Petkovic
🇭🇷 Petkovic gets Croatia back on level terms with Brazil#Vatreni | #CROBRA | #FIFAWorldCup
pic.twitter.com/pLR4RXwQ2B— Fast Footy Goals (@fast_footygoals) December 9, 2022
Нејмар со мајсторија се израмни со Пеле за Бразил да е на 15 минути од полуфинале