Top Sport

Хрватска е пенал-мајстор – го урна првиот фаворит Бразил за полуфинале!

Хрватска сензационално е првиот полуфиналист на Светското првенство во Катар, откако во за нив омилената пенал-серија го имаа фантастичниот Доминик Ливаковиќ и го урна првиот фаворит Бразил за уште еден сензационален успех на голема сцена за „коцкестите“. По 120 минути игра беше 1:1, за во пенал-серијата, Хрватска да победи со 4:2

Голот на Нејмар во 106. минута од првото продолжение донесе предност за Бразилците се намачија против финалистите од минатото Светско првенство, кои предводени со одличниот Доминик Ливаковиќ на голот, успеаја да ги одбијат сите напади на првиот фаворит за титулата во Катар, посебно во второто полувреме.

Но, во првото продолжение, тие едноставно немаа одговор за фантастичната асистенција на Лукас Пакета, кој го пронајде Нејмар, кој направи вистински слалом во шестнаесетникот и го заби водечкиот гол. И кога се мислеше дека работата е завршена, Бруно Петковиќ по еден продор во шестнаесетникот на Бразиците во 117. минута израмни и Хрватска повторно го доби тоа што го посакуваше – пенал-серија.

Влашиќ прв беше прецизен за Хрватска, за потоа пак на сцена да стапи Ливаковиќ, а потоа ниту Маркињос не беше прецизен за неверојатен финиш на мечот.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top