Не е убаво кога гледаш како на твојот омилен фудбалски тим не му оди, но сигурно не правиш како кенискиот навивач, кој со пиштол влезе на терен и им се закануваше на фудбалерите.
Кениската Премиер лига најави целосна истрага, откако навивачот, наводно полицаец, се заканувал со пиштол на фудбалерите на Бандари при дуелот со Зу Керичо, кој заврши 1:1.
Ова не е првпат да се вади пиштол на меч од кениската фудбалска лига. Во април 2016, еден навивач извади пиштол на мечот помеѓу Улинзи старс и АФЦ Леопардс.