Top Sport

Кој би се обложил на ваков резултат? Јунајтед го „растури“ Ливерпул на првиот пријателски меч

Манчестер јунајтед, во првиот меч под водство на новиот менаџер Ерик Тен Хаг, стигна до зачудувачка 4:0 победа над Ливерпул во пријателски меч во Бангкок, Тајланд, зголемувајќи ги надежите на очајните навивачи на „ѓаволите“.

Џејдон Санчо го отвори резултатот во 12. минута со убав гол, пред по половина час игра да биде 2:0 со голот на Фред, за три минути подоцна, Антони Марсијал да зголеми на 3:0, во шокантно отварање на натпреварот.

Секако, двата менаџери направија огромен број на замени во составите, бидејќи се работи за прв вистински тест по долгата латна пауза, но тоа не помогна на Ливерпул, кој прими и четврти гол во 76. минута преку талентираниот Факундо Пелистри. Мо Салах, по влегувањето во игра беше постојана опасност за голот на противникот, но двапати ја погоди стативата.

Scroll to Top