Top Sport

Мекинро: На Кирјос му е потребен Зигмунд Фројд!

Трикратниот шампион од Вимблдон, американската тениска легенда Џон Мекирно вели дека на Австралиецот Ник Кирјос му е потребен Зигмунд Фројд за да ги среди „демоните“ во неговата игра.

Кирјос имаше контроверзен, но и возбудлив пат до финалето на Вимблдон, каде што во неделата загуби од Новак Ѓоковиќ, и Мекинро, кој во своите денови како тенисер беше познат како „лошо момче“, е воодушевен од неговата игра, но не и од однесувањето.

„Тој човек е гениј според начинот на кој игра. Но, потребно му е Зигмунд Фројд да стане од гробот и да најде начин како да продолжи да игра, бидејќи му е потребен на тенисот. Тој ги поместува работите во светот на тенисот, нешто што ни треба, но потребен ни е целосно посветен на тенисот. Тој е добро момче, играчите го сакаат, врши доста добротворна работа. Но, има демони, кои можеби сите ги имаме и треба да научи да се справи со тоа“, вели Мекинро за „Би-би-си“.

Scroll to Top