Top Sport

Кој чека-ќе дочека! Финска слави прв пласман на големо натпреварување во историјата (видео)

Фудбалската репрезентација на Финска првпат од своето основање во 1907 година се пласираше на едно големо натпреварување, откако со 3:0 победата над Лихтенштајн го обезбедија второто место во групата Ј зад недостижната Италија, но пред репрезентации како Грција и Босна и Херцеговина.

За пласман на Финците им беше потребно барем реми против „моќниот“ Лихтенштајн, но на крајот стигнаа до победа. Јасе Туоминен во 21. минута стрелаше за 1:0, пред нивниот најдобар стрелец, Тему Пуки во 63. минута со гол од пенал да го потврди триумфот и во 73. минута да зголеми на 3:0.

Иако во својата историја имаа големи фудбалски имиња како Јари Литманен, Сами Хипија и Микаел Форсел, Финците никогаш не беа ниту блиску до големите натпреварувања и сега се последната нордиска земја со ваков пласман. Добар пример за македонската репрезентација, која уште го чека својот прв пласман на ЕП или СП.

Нивните нордиски соседи, Норвешка, пак со 4:0 рутински ги совладаа Фарските Острови за да ги заддржат шансите за пласман на Евро 2020, за што им е потребно прво вечерва дуелот Романија-Шведска да заврши со реми.

ЕВРО 2020, КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Ф

Норвешка – Фарски Острови 4:0

Романија – Шведска 21.00 ч.

Шпанија – Малта 21.00 ч.

Табела: 1.Шпанија 20, 2.Шведска 15, 3.Романија 14, 4.Норвешка 14, 5.Фарски Острови 3, 6.Малта 3

ГРУПА Ј

Финска – Лихтенштајн 3:0

Ерменија – Грција 0:1

Босна и Херцеговина – Италија 21.00 ч.

Табела: 1.Италија 24, 2.Финска 18, 3.Грција 11, 4.Ерменија 10, 5.БиХ 10, 6.Лихтенштајн 2

Scroll to Top