Top Sport

Кој е Бетињо? Анонимниот португалски напаѓач пријавен во составот на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед пријавија нов напаѓач во составот за Премиерлигата со објава на официјалниот веб-сајт, правејќи забуна кај фановите, кои се трудеа да откријат кој точно е Португалецот Бетињо, кој го зазеде местото кое претходно го имаше неговиот далеку пославен сонародник, Кристијано Роналдо.

Иако постои конфузија дали Манчестер јунајтед навистина потпишале со Бетињо и му го дале дресот со број 11, или се работи за грешка на Премиерлигата, тоа не ги спречи фановите на Јунајтед (но и тие кои не го „мирисаат“ клубот) да се потсмеваат со „ѓаволите“ еден ден откако Ливерпул им го „украде“ Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен.

29-годишниот Бетињо ја започнал својата кариера во младинскиот тим на Спортинг Лисабон, и одигра еден меч за Брентфорд во Чемпионшип во 2014/15, и иако има настапи за младинската португалска репрезентација, неговата кариера не е блескава – тој последен пат играше за нисколигашот Еспињо.

Scroll to Top