Top Sport

Гледајте Ф1 во Лас Вегас со „мега-ВИП“ билет од 5 милиони долари!

Формула 1 во 2023 година ќе дебитира трка во Лас Вегас со големи надежи за спектакуларна трка на спектакуларна локација, а во градот кој никогаш не спие веќе се подготвуваат за пречекување на најбогатите гости.

„Цезарс ентертејнмент“ веќе нуди петдневен ВИП-билет за 12 гости со неверојатна цена од 5 милиони долари, нешто што малкумина на планетата ќе можат да си г приуштат.

Покрај престојот во „Нобу скај“ вилата во „Цезарс палас“ со постојано достапен батлер, тој кој ќе го плати билетот ќе добие и шофер со достапен „Ролс-Ројс“, 12 билети за влез во боксот, билети за концертот на Адел и вечера за 12 луѓе подготвен од готвачот Нобу Мацухиса

„Цезарс“ се еден од четирите главни спонзори на трката покрај „МГМ резортс“, „Вин резорстс“ и локалната власт на Лас Вегас. Самото име на трката официјално ќе биде „Цезарс Лас Вегас ГП“.

Scroll to Top