Иако многумина сакаат да зборуваат за парите кои ги трошат Манчестер сити или Пари Сен-Жермен, најбогатиот газда на фудбалски клуб не доаѓа од елитните лиги.
Според британскиот весник „Мирор“ најбогат сопственик на фудбалски клуб е Австриецот Дитрих Матешиц, ко-основачот и сопственикот на „Ред бул“, компанија која под своја контрола го има бундеслигашот РБ Лајпциг, како и австрискиот шампион Ред Бул Салцбург. Матешиц, кој исто така има два Ф1 тимови (Ред бул и Торо росо) „тежи“ фантастични 17.8 милијарди фунти.
На второто место е газдата на Манчестер сити, Шеикот Мансур со 17 милијарди фунти, а на третото место е семејството Ањели, кое го контролира италијанскиот шампион Јувентус со 10.4 милијарди фунти богатство.
Во топ 10 има уште четири клуба од Премиер лигата – Роман Абрамович (Челси), Стен Кренке (Арсенал), Шахид Кан (Фулам) и Џо Луис (Тотенхем).
ТОП 10 НАЈБОГАТИ СОПСТВЕНИЦИ НА КЛУБОВИ
1.Дитмар Матешиц (Ред Бул Салцбург/РБ Лајпциг) 17.8 милијарди фунти
2.Шеик Мансур (Манчестер сити) 17 милијарди фунти
3.Семејство Ањели (Јувентус) 10.4 милијарди фунти
4.Филип Аншуц (Лос Анџелес галакси) 10 милијарди фунти
5.Роман Абрамович (Челси) 8.3 милијарди фунти
6.Стен Кренке (Арсенал) 6.4 милијарди фунти
7.Насер Ал-Хелаифи (Пари Сен-Жермен) 6.2 милијарди фунти
8.Шахид Кан (Фулам) 5.4 милијарди фунти
9.Жанг Џидонг (Интер) 5.2 милијарди фунти
10.Џо Луис (Тотенхем) 3.8 милијарди фунти
Фото: ЕПА