Top Sport

Кој ќе ги сопре? Баерн со седум „парчиња“ за Бохум

Баерн Минхен стигна и до третата победа во третото коло од Бундеслигата, стигнувајќи до неверојатна 0:7 победа на гостувањето кај Бохум, најавувајќи дека не се подготвени да остават ништо на случајноста.

По само четири минути игра, Лирој Сане постигна прекрасен гол за водство на Баварците, а до крајот на првото полувреме домаќинот уште три пати ја вадеше топката од мрежата – Матијс де Лихт во 25. минута зголеми на 0:2, осум минути подоцна Кингсли Коман даде гол за 0:3, за Садио Мане да го продолжи фантастичниот старт со Баерн во 39. минута за 0:4.

Ако домаќините мислеа дека Баерн ќе се задоволи со одбрана на ова водство се излажаа – Садио Мане го запиша вториот гол во 60. минута со удар од белата точка, во 69. минута, Гамбоа си постигна автогол за 0:6, за Серж Гнабри во 76. минута од мечот да ги постави конечните 0:7.

Баерн по првите три кола од Бундеслигата има три победи и гол-разлика од 15:1!

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top