Top Sport

Трилер на „Сент Џеjмс парк“ – Њукасл-Манчестер сити 3:3!

Дуелот на двата најбогати клубови во Англија, Њукасл и Манчестер сити не разочара, откако на „Сент Џејмс парк“ видовме пресврти, убави голови и на крај 3:3 реми.

Илкај Гундоган по само 5 минути игра го донесе актуелниот шампион во водство, меѓутоа Њукасл на Еди Хау прво израмни преку Алмирон во 28. минута, за Калам Вилсон во 39. минута да осигура Њукасл на одмор да оди со изненадувачка предност од 2:1.  Киеран Трипиер во 54. минута со прекрасен гол од слободен удар да најави сензација зголемувајќи го водството на 3:1, но тимот на Сити никогаш не се предава.

Во 60. минута од мечот, Ерлинг Халанд намали на 3:2, за само четири минути подоцна, Кевин де Брујне фантастично да го пронајде Бернардо Силва за израмнување.

Ремито значи дека само Арсенал со три победи во првите три меча има стоотстотен учинок во Премиерлигата – Сити, Тотенхем, Лидс и Брајтон имаат 2-1-0 скор и 7 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top