Утре и задутре, на Европското првенство, ќе се одиграа полу-финалните натпревари. Завршницата на првенството се игра во Лондон. Утре ќе играат Италија и Шпанија, а задутре Англија и Данска.
Фактот дека завршницата се игра на Вембли, ги става Англичаните во пол-позиција за освојување трофејот.
Англија во својата историја има освоено само една голема титула, во далечната 19966 година станаа светски шампиони. И тогаш, како и сега на ЕУРО 2020, Англичаните беа домаќини.
Англија е фаворит за титулата и според обложувалниците. Коефициентот на „Гордиот Албион“ е 2,50, на Италија 3,30, на Шпанија 4, а на Данска 12.