Top Sport

Кој тренер потроши најмногу пари на засилувања од 2000?

Во интересна проекција на веб-сајтот „Трансфермаркт“ се објавија имињата на фудбалските тренери кои потрошиле најмногу од 2000 и некои од имињата се малку изненадувачки.

Првите три места со потрошени над милијарда евра за трансфери не се големо изненадување – Жозе Мурињо (1.76 милијарди евра), Пеп Гвардиола (1.59 милијарди евра) и Карло Анчелоти (1.37 милијарди евра).

Тројцата тренери беа вклучени во многу мега-трансфери во врвните европски клубови, како Реал Мадрид, Барселона, Манчестер јунајтед, Милан, Челси и Манчестер сити. Мурињо можеби не изненадува на првото место, иако многумина би го прогнозирале Пеп Гвардиола посебно по престојот во Манчестер сити. Меѓутоа, треба да се забележи дека тој е тренер „само“ од 2008 година.

Изненадувачкото четврто место му припаѓа на Чилеанецот Мануел Пелегрини со 1.16 милијарди евра, но за потсетување тој беше тренер на Реал Мадрид кога пристигнаа Кристијано Роналдо и Кака и на Манчестер сити кога ги купија Кевин де Брујне и Рахим Стерлинг.

Scroll to Top