Top Sport

На отворен тренинг на Челси повици за продавање на Тимо Вернер

Еден навивач на Челси побара клубот да го продаде Тимо Вернер на микрофон на отворениот тренинг на лондонскиот клуб во средата.

Европските шампиони пуштија навивачи на „Стемфорд Бриџ“ во ретка прилика да видат како функционира работата на тренерот Томас Тухел, но еден од навивачите најде за сходно да го критикува Тимо Вернер кога му беше дадена шанса да предвиди резултат.

„Ајде да го направиме вистинското, да го избркаме Вернер од клубот“, рече навивачот.

Тој беше исвиркан од другите навивачи, а една жена реши да се конфронтира директно со него. Вернер сигурно го чу коментарот.

Во неговата прва сезона со „сините“ по трансферот од 47.5 милиони фунти од Лајпциг, Вернер постигна 12 гола за Челси, но многу почести беа неговите промашувања.

Scroll to Top