Вчера во еден интересен меч, новиот премиерлигаш Норич направи сензација победувајќи го англискиот шампион Манчестер сити со 3:2, во класична битка на Давид против Голијат.
Според „Скај спортс“, разликата помеѓу двата клуба и финансиите кои ги дале за трансфер на своите фудбалери е огромна – односно стартните состави на двата тима пристигнале во своите клубови за драстично различни суми, 6.25 милиони фунти за Норич и 406.1 милиони фунти за Сити.
Тему Пуки, финскиот напаѓач кој беше прогласен за најдобар играч изминатиот месец, дојде во Норич бесплатно, заедно со Тим Крул. Александер Тети, Емилијано Буендија и Марко Стиперман се најскапите фудбалери на тимот со 1.5 милиони фунти.
Сумите за Сити, пак се зачудувачки. Родри дојде ова лето за 62.5 милиони фунти, а над 50 милиони чинеа и Кајл Вокер и Џон Стоунс, а Николас Отаменди ги чинеше 33 милиони фунти.